HomeДЕНЕШНАСветИД подготвува напади во Германија

ИД подготвува напади во Германија

 

Шефот на германската разузнавачка агенција Ханс Георг Масен предупредува дека безбедносната ситуација во Германија е „многу сериозна“ и дека џихадистичката група Исламска држава сака да изврши напади во Германија. Тој во интервју за германскиот весник „Велт“ истакна дека моментно не се познати информации за било какви конкретни планови за терористички напад во Германија. Масен на тоа додаде дека целта на ИД е пропагирање на извршување на напади од старана на приврзаниците во Германија.

Првиот разузнавач нагласи дека се познати неколку случаи во кои се поврзуваат Германци, кои се вратиле од Сирија, со планови за напад и предупреди дека опасноста, која ја претставуваат џихадистите од Германија, е „заразна“. Масен изјавил дека околу 1.100 претставуваат потенцијална опасност од тероризам.

-„ Посебно сум загрижен поради многубројните малолетници без придружба, бидејќи ова е целна група, додава Масен, истакнувајќи дека постои „голем потенцијал за радикализација“.

ИД неодамна објави снимка во која наведува дека по терористичките напади во Париз и Брисел, би можела да изврши напади и во други западни земји, а како потенцијални мети ги наведе Лондон, Берлин и Рим.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com