HomeДЕНЕШНАПолитикаИдните бели мантили се кренаа против државниот испит

Идните бели мантили се кренаа против државниот испит

Голем број на студенти на медицина излегоа на протест против експериментите кои ги прават Министерството за здравство во процесот на образование. Тие се незадоволни од изненадните одлуки за полагање на државен испит на крајот на втортата и четвртата година на студирањето и не им е јасно кажано како ќе се изведува испитувањето и по кои предмети.

protesti2 (9)Проблематично е и изведувањето на пракса во различни градови низ Македонија, па студентите имаат огромни трошоци за пат и сместување.

protesti2 (11)
Поддршка за идните доктори дадоа и речиси сите професори од катедрите на Факултетот за медицина.

„Им даваме целосна поддршка на нашите студенти бидејќи Медицинскиот факултет е еден од најтешките и навистина тие се преоптоварени, па полагањето на државен испит е дополнителна пречка“, изјави за Позитив д-р Јулијана Живадиновиќ проф. по анатомија.

protesti2 (15)Истакнатите пароли „Не сме експериментални глувчиња“, „Учиме за да бидеме доктори, а не пациенти“, „Спасете ни го образованието“, „Увоз на реформи=извоз на доктори“ силно одекнаа пред Министерството за здравство и се бара средба со министерот Тодоров. Неколку студенти добиле дозвола за влез во министерството каде ќе може да ги образложат своите барања за да се најде решение за ситуацијата.

Автор: Христијан Станоевиќ

Репортер: Кристина Атовска

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com