HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИграч од средниот ред на Јунајтед го продолжи договорот, Мурињо задоволен

Играч од средниот ред на Јунајтед го продолжи договорот, Мурињо задоволен

Везистот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик го продолжи договорот на уште една година, па на „Олд Трафорд“ ќе остане до јуни 2017 година. 34-годишниот Мајкл Керик потпиша за Јунајтед во 2006 година и за десет години поминати во редовите на „црвените ѓаволи“ освои пет шампионски титули, Лига на шампиони, Фа Куп, Лига Куп и Светското клупско првенство.

„Овој голем клуб беше дел од мојот живот во последните 10 години и воодушевен сум што ова неверојатно патување продолжува. Одлично е тоа што ќе имам прилика да работам со тренер од калибарот на Жозе Мурињо, кој има постигнато многу работи во својата кариера. И благодарам на навивачите за големата поддршка. Се надевам дека и понатаму ќе освојуваме трофеи“, изјави Мајкл Керик за официјалниот сајт на Јунајтед.

Новиот тренер на Јунајтед исто така изјави дека е задоволен со продолжувањето на договорот на Керик. „Мајкл е многу интелигентен везен фудбалер и одлично ја чита играта. Тој има големо искуство и неговото знаење секако ќе ми биде потребно. Се радувам што ќе имам прилика да работам со него“, изјави Мурињо.

Мајк Керик 2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com