HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов упати телеграма со сочувство до Оланд за нападот во Ница

Иванов упати телеграма со сочувство до Оланд за нападот во Ница

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Ница, упати телеграма со сочувство до Претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд.

„Со шок и огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Ница, во кој животот го загубија голем број на невини лица и каде има голем број на повредени. Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Француската Република, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој грозоморен и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување.

Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на сите терористички напади и е солидарна со Француската Република во борбата против тероризмот.

Како никогаш досега, потребно ни е заедништво, максимална соработка и одлучност во борбата против сите оние сили кои преку насилство и терор сакаат да внесат страв и омраза, притоа уништувајќи ги сите цивилизациски придобивки кои генерациите зад нас истрајно ги создавале“, се вели во телеграмата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com