HomeДЕНЕШНАРепубликаИванов помилува 43 осуденици по повод празникот Илинден

Иванов помилува 43 осуденици по повод празникот Илинден

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник 2 Август, помилува 43 лица. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“.

Tоа значи дека сите 43 лица делумно се ослободуваат од издржување на затворската казна. Скратувањето на казните на помилуваните лица се движи од три до осум месеци.

Одлуката, како што е наведено, е донесена врз основа на членот 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија и во согласност со членот 1 од Законот за помилување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com