HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов: Македонија веќе 25 години е манипулирана и лажана од страна на ЕУ

Иванов: Македонија веќе 25 години е манипулирана и лажана од страна на ЕУ

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја нападна Европската унија и Германија за односот кон нашава земја и бегалската криза. Тој во интервју за германски Билд кажа дека Македонија е предадена и напуштена и дека како транзит зона трпи големи последици од кризата. На прашањето дали се чувствуваме измамено затоа што Турција доби 6 милијарди евра, а Македонија треба да ја заврши работата на границата со Грција Иванов нервозно одговара дека ова не е прв пат земјава да биде напуштена од Европската унија.

Во неговите одговори, кои беа жестоки, каде што за тоа беше наречен и лутиот претседател, Иванов ја критикува и Германија од каде, иако била побарана помош во опрема за земање биометриски податоци, не било одговорено на овие барања. Сепак, објаснува македонскиот претседател, македонските власти презеле се што е потребно за да се воведе контрола на бегалците.

Иванов покажа и дел од запленети пасоши и лични документи на бегалците и мигрантите за кои се тврди дека биле лажни, и тврди дека и покрај тоа што не сме дел од шенген зоната и се уште не сме членка на НАТО, сепак и ние како држава ја штитиме Европа.

Инаку, Ѓорге Иванов во интервјуто Грција ја обвини и додаде дека таа не ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочува бегалците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com