HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов бара правници да ја повлече аболицијата за тие што сакаат

Иванов бара правници да ја повлече аболицијата за тие што сакаат

Претседателот Иванов се консултира со правници за наоѓање на законски можности со кои би ја повлекол аболицијата за политичарите кои јавно, но и писмено се обратија до него да ја поништи одлуката која се однесува кон нив.

„Консултациите продолжуваат во насока на изнаоѓање решение. Ги повикувам и лидерите на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, и тие да се вклучат во овој процес и да понудат правно решение што ќе биде во согласност со Уставот и законите на Република Македонија“, вели претседателот Иванов.

Сепак и понатаму Иванов стои на ставот дека неговата одлука била правилна и во согласност со Законот и Уставот иако доби огромни критики дека целосно го суспензираше правниот систем во Република Македонија и овозможи лица осомничени за тешки кривични дела и измами да бидат аболицирани пред воопшто и да започне било каква судска постапка. СЈО исто така понуди правна помош за да ја повлече аболицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com