HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов бара правен излез од аболицијата, СЈО ќе му помогне

Иванов бара правен излез од аболицијата, СЈО ќе му помогне


Откако голем број на помилувани политичари самите најавија дека ја одбиваат амнестијата од претседателот, сега Иванов ќе биде принуден да најде правен излез за донесената одлука од која на повеќе наврати посочи дека целосно стои зад неа и не се повлекува. Тој политички потег може да биде доволен и за Европската Унија која беше зачудена од можноста за помилување на криминалци, како и да се остави простор за нов договор меѓу политичките лидери на закажаната средба во Виена на 22 април.

Претходно и Специјалното јавно обвинителство се понуди да изнајде правен метод со кој претседателот ќе може да ја поништи одлуката за амнестија на политичари и нивни соработници. Аболираните специјални обвинители исто така посочија дека ќе ја одбијат „милостината“ од претседателот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com