HomeДЕНЕШНАСветИванка Трамп прекинала интервју поради незгодни прашања

Иванка Трамп прекинала интервју поради незгодни прашања

Ќерката на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Иванка Трамп, го прекинала интервјуто за магазинот „Космополитан“ после прашањата околу поранешните коментари на нејзиниот татко, Доналд Трамп, во врска со семејното отсуство и грижата за деца. Трамп ја критикуваше новинарката која го водеше интервјуто, Прачи Гупту, велејќи дека во нејзините прашања имало „многу негативни работи“.

Ќерката на Трамп сакала да ја истакне новата политика на својот татко околу заштитата на децата, во чија изградба и претставување помагала и нешто порано оваа недела. Меѓутоа, Иванка се налутила кога новинарката поставила прашање во врска со тоа што Трамп го изјавил во 2014 година дека бременоста може да биде незгодна за работата и нели е изненадувачка оваа негова денешна програма токму на таа тема.

ivanka-i-donald

Ианка одбила да коментира и порачала дека во таквите прашања на новинарката има многу негативни работи, додавајќи дека не знае дали нејзниот татко дал таква изјава некогаш. Како што пренесува „Космполитан“, после инсистирање на новинарката и уште неколку прашања околу тоа како Доналд Трамп планира да плати некои од своите најскапи идеи, како што е изградбата на ѕид на границата со Мексико или зголемени издавања за одбрана, Иванка го прекинала интервјуто, со извинувања и со зборови дека брза и мора да си замине.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com