HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИбрахимовиќ: Пристигнав како крал, заминувам како легенда

Ибрахимовиќ: Пристигнав како крал, заминувам како легенда

Златан Ибрахимовиќ во сабота ќе го одигра својот последен натпревар за Парис Сен Жермен против Нант на Паркот на Принцовите. На Ибрахимовиќ ова лето му истекува договорот, а преку порака на Твитер за последниот натпревар во Париз и дефинитивно и стави точка на шпекулациите. „Утре ќе го одиграм последниот натпревар на Паркот на принцовите. Дојдов како крал, заминувам како легенда“, напиша на Твитер Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ во Парис Сен Жермен пристигна од Милан во 2012 година за 20 милиони евра и на 178 натпревари постигна 152 погодоци. Со „светците“ освои четири титули првак во Франција, три Суперкупа и еден Лига Куп. На големо се шпекулира околу тоа каде тој ќе ја продолжи кариерата, а како најспоменувани дестинации се враќање во Милан или трансфер во Манчестер Јунајтед.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com