HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИбрахимовиќ го тужи докторот поради обвинението дека користел допинг

Ибрахимовиќ го тужи докторот поради обвинението дека користел допинг

Foto: Getty images

Агентот на Златан Ибрахимовиќ изјави дека неговиот клиент ќе поднесе тужба против шведскиот доктор кој изјави дека напаѓачот на ПСЖ користел допинг за време на своите настапи во Јувентус. Реагирајќи на ова обвинение, агентот на Ибрахимовиќ Мино Рајола изјави дека докторот Карлсон направил „голема грешка“. „Ќе го тужиме. Можеби е тој поранешен спортист кој не успеал да си изгради своја кариера, или можеби е само љубоморен. Но, тој човек направи голема грешка. Живееше еден живот пред таа изјава, а после неа ќе живее потполно различно. Тој шири невистини“, изјави Мино Рајола.

Карлсон изјави дека во Јувентус имало скандали со допинг меѓутоа дека кога Ибрахимовиќ пристигнал таму тоа веќе било завршено и дека нема никакви докази дека напаѓачот земал некакви недозволени средства. „Допинг скандалот во Јувентус заврши кога Ибрахимовиќ пристигна. Тамо имаше многу допинг контроли, а Златан беше тестиран помеѓу 15-20 пати. Јувентус секогаш беше под микроскоп. Тоа тврдење за Златан е безмислено, без никакви докази. Сите клубови за кои Златан има играно знаат дека тој не зема дури ни аспирин“, вели Рајола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com