HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИбрахимовиќ веќе руши рекорди во Јунајтед

Ибрахимовиќ веќе руши рекорди во Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ нема одиграно ниту еден натпревар за Манчестер Јунајтед, а веќе руши клубски рекорди. Всушност, не се работи за фудбалски, туку за рекорди на популарност на социјалната мрежа Инстаграм. Шеснаесет дена откако е официјализиран неговиот трансфер во Јунајтед, сликата н Ибрахимовиќ на која го држи дресот на Манчестер стигна до повеќе од половина милион „допаѓања“.

Јунајтед е првиот англиски клуб за 35-годишниот Швеѓанец кој потпиша едногодишен договор вреден околу 13 милиони евра. Во топ 10 по бројот на „допаѓања“ се уште три слики со Ибрахимовиќ, колку има и Жозе Мурињо, Хенрих Михтарјан со две и Бастијан Швајнштајгер со една.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com