HomeДЕНЕШНАРепубликаЗурлите и тапаните одекнаа за 43-тата Галичка свадба

Зурлите и тапаните одекнаа за 43-тата Галичка свадба

Традицијата повторно оживеа во Галичник со големата веселба за 43-тата Галичка свадба. Оваа година честа да го вратат духот на претците ја имаа младоженците Сандра Станковиќ и Александар Ристески кои се венчаа во црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник и ставија круна на дводневната манифстација поминувајќи низ сите обичаи и традиции кои се карактеристични за мијачкиот крај.

Како и секоја година така и оваа се насобра огромен народ, многу печалбари кои ги напуштиле родните огништа, но не ја заборавиле родната грутка.

galicka svadba (2) (1)galicka svadba (1) (1)

Во двата дена, со звукот на тапани и зурли, беа преставени: канењето на сватовите, кумот, свекрвино оро, гледањето низ прстен, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот и редица други обичаи кои биле дел од свадбените веселби на мијаците во минатото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com