HomeДЕНЕШНАЗначителна дестабилизација – Какво време не очекува денеска?

Значителна дестабилизација – Какво време не очекува денеска?

Денеска облачно претпладне над планинските региони. Попладне се очекуваат врнежи од дожд. Самата атмосфера ќе има значителна енергија, што ќе услови облаците добро да се развиваат, ќе имаат значителна водност како и потенцијал за локално поинтезивни процеси во форма на пороен дожд (не е исклучена шансата за појава на град), силен ветер кој ќе биде продукт на нестабилноста, како и зачестени електрични празнења – предвидува МетеоПро.мк.

Прогностичките материјали сугерираат на нестабилност низ целата земја, но само локално за посилни процеси. Приквечер погелема е веројатноста овие процеси да се префрлат во источните и централните краишта, а во текот на ноќта повеќе во јужнот регион. Местата во подножјата на повисоките планини ќе имаат зачестена појава на грмежи.

Температурата ќе има максимална вредност околу 30°с во котлините од северниот и западниот регион, а на југоисток околу 34°С. Охридскиот и преспанскиот регион очекуваат највисока температура околу 28°С, а во Дојран до 35°С.

Скопје очекува утро со мала до умерена облачност, а поладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за поинтензивни процеси во скопската котлина ќе има. Максималната ќе има вредност околу 31°С

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com