HomeДЕНЕШНАРепубликаЗначајна година за пожарникарите, ќе добијат бенефициран стаж

Значајна година за пожарникарите, ќе добијат бенефициран стаж

На прославата по повод денот на пожарникарите, командантот на скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, истакна дека оваа 2016 година ќе биде многу значајна за пожарникарите бидејќи  ќе има измени во Законот за пожарникарство со кој тие добиваат бенефициран стаж.

-„Со основите на овој закон, пожарникарите добиваат статус на овластени службени лица, од областа на безбедноста, каде поради условите на работа, тежината, опасноста и штетноста по здравјето, согласно Законот за пензиски и инвалидско осигурување, стажот на пожарникарите ќе се смета со зголемено траење. Секои 12 месеци, ќе се сметаат како 15 стаж на осигурување,“- изјави Менковски на прославата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com