HomeДЕНЕШНАРепубликаЗмија долга еден метар ги исплаши Битолчани

Змија долга еден метар ги исплаши Битолчани

Вчера во центарот на Битола била забележана змија долга околу еден метар. Граѓани кои се движеле околу старата болница ја забележале, по што ја пријавиле во ЈП „Комуналец“. Работниците веднаш дошле и ја отстраниле змијата.

„Секој ден поминувам одтука, утрово ја забележав. Долга беше околу еден метар. Изминативе години не сум видел толку голема змија. Сакам да упатам и апел до родителите со бебешки колички и мали деца и до сите граѓани, да внимаваат кога се движат по тротоарите, каде има високи треви и контејнери“ – вели жител за ТВ Орбис која ја објави информацијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com