HomeДЕНЕШНАСветЗемјотрес во Еквадор, 233 мртви лица

Земјотрес во Еквадор, 233 мртви лица

Во земјотрес во Еквадор, кој според експертите бил 6 пати посилен од тој во Јапонија се починати најмалку 233 лица. Земјотресот, најсилен што го погодил Еквадор од 1979 година, срамни со земја стотици згради во неколку градови и помали места. Локален претставник на градот Педерналес, во близина на епицентарот, апелираше да се обезбеди опрема за расчистување и дополнителни спасувачи додека локални тимови се борат да се справат со катастрофата.

Земјотресот можеше да се почувствува далеку, дури и во главниот град Кито, што се наоѓа околу 170 километри од епицентарот. Зградите во градот имаат знаци на пукнатини, а некои жители останаа без електрична енергија и телефонски услуги. Неколку други градови, исто така, претрпеа штета. Мост се урна во пристанишниот град Гвајакил, а во Манта аеродромот беше принуден да затвори бидејќи контролната кула беше оштетена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com