HomeДЕНЕШНАСветЗемјите во ЕУ ќе го забранат тетовирањето?

Земјите во ЕУ ќе го забранат тетовирањето?

Мастилото кое се користи за тетовирање веројатно го зголемува ризикот од рак и поради тоа би требало да биде забрането, ова е новото предупредување на Европската агенција за хемикалии.

Таа агенција објави извештај според кој мастилото може да предизвика проблеми со кожата, вклучувајќи и алергиски реакции и чешање кое трае со години, а покрај тоа го зголемува и ризикот од рак.

Во извештајот пишува и дека може да влијае на плодноста.

tetovaza2

Агенцијата наскоро ќе објави список на хемикалии кои се користат во правењето на мастилото за тетовирање, а се истражува и можноста наскоро да биде забрането ширум Европската Унија.

Црвеното мастило за тетовирање е прогласено за најопасно, а потенцијален ризик носат плавото зеленото и црното.

„Многу извештаји покажуваат да супстанциите во мастилото се потенцијално канцерогени, мутагени или предизвикуваат репродуктивен токсичен ефект“, пишува во извештајот.

tetovaza3

Кога хемикалија е мутагена, тоа значи дека може да ги промени ДНК ќелиите и да доведе до додатни мутации, кои потоа можат да доведат до развој на канцер.

Ако е потребна забрана на овие супстанци, тоа би требало да стапи на сила за една година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com