HomeДЕНЕШНАСветЗемјата се тресе: Земјотреси во Оклахома, Ница, Филипините…

Земјата се тресе: Земјотреси во Оклахома, Ница, Филипините…

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го потресе денеска Филипините, соопшти Геолошкиот служба на САД. Епицентарот на земјотресот е локализиран на околу 75 километри од градот Бутуан, на длабочина 12,4 километри. Засега нема информации за повредени или штета.

Земјотрес со магнитуда од 5,6 по Рихтер, кој бил почувствуван од Јужна Дакота до Тексас, вчера ја погоди американската сојузна држава Оклахома во која бројот на потресите едноставно „букна“ откако започна со постапката со хидраулично фрактурирање да произведува нафта и земен гас.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на потресот бил на околу 15 километри северозападно од местото Пони, а хипоцентарот на длабочина од само 6,5 километри. Засега нема извештаи за повредени во земјотресот во местото со околу две илјади жители, а штетата е мала, објавија локалните власти.

Земјотресот, меѓутоа, повторно предизвикува загриженост, бидејќи оваа област е позната по производството на енергенси добиени од шкрилци, или популарно „фракинг“ постапката, која предизвикува зачестени земјотреси со магнитуди од 3 по Рихтер.

Земјотрес со интензитет од 3,7 е регистриран синоќа и во југоисточна Франција во близина на границата со Италија. Според податоците на Националниот мрежа за сеизмичка активност (Renass), потресот се случил во 21:14 по локално време, јави ТАСС.Епицентарот на потресот бил во реонот на гратчето Соспел, на 25 километри од брегот на Средоземното Море. На 30 километри од епицентарот е кнежевство Монако, а на 40 од Ница. Сеизмичка активност била регистрирана од автоматски системи на Renass, но податоците се уште не се потврдени од сеизмолози.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com