HomeДЕНЕШНАРепубликаЗемјата повторно се тресе: Нов земјотрес регистриран во Скопје

Земјата повторно се тресе: Нов земјотрес регистриран во Скопје

Денеска во 11:50 часот, повторно беше регистрирано ново тресење на земјата во Скопје, кој за среќа беше со послаб интензитет.

Според информациите, земјотресот е со јачина од 2,3 степени според Рихтер и е почувствуван во централното подрачје и периферијата, а епицентарот бил на 6 километри источно од Скопје.

Денешниот земјотрес е дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com