HomeДЕНЕШНАРегионЗдравко Мариќ е нов кандидат на ХДЗ за мандатар за состав на хрватската влада

Здравко Мариќ е нов кандидат на ХДЗ за мандатар за состав на хрватската влада

Претседателството на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на телефонска седница одлучи да го избере актуелниот министер за финансии Здравко Мариќ за мандатар за состав на хрватската влада. ХДЗ соопшти дека нејзиното претседателство одржало телефонска седница на која за нов мандатар од страна на партијата е одреден Мариќ, додека за нов политички секретар на партијата е именуван Домагој Мароевиќ.

Миро Ковач, кој инаку е актуелен министер за надворешни работи, повторно е именуван за меѓународен секретар на ХДЗ.
„Мариќ во досегашните влади на ХДЗ беше висок претставник. Станува збор за експерт кој покажа дека е подготвен за соработка и заклучивме дека тој е најдобар избор за нов мандатар“, изјави потпретседателот на ХДЗ, Олег Бутковиќ.

Тој истакна дека не би донеле ваква одлука доколку не се сигурни дека ќе имаат 76 гласа за поддршка во Парламентот.
Премиерот Тихомир Орешковиќ вчера потврди дека нема намера да се повлече од премиерската функција, а на новинарско прашање дали ќе учествува на некоја листа доколку има нови избори, тој не одговорил.

На прес-конференција Орешковиќ повтори дека ќе побара поддршка во Парламентот, кој всушност го избра, а посебно поради обвиненијата против него, за кои тврди дека се невистинити.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com