HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗголемен бројот на граѓани со блокирани сметки

Зголемен бројот на граѓани со блокирани сметки

Според анализите на НБРМ, сè поголем број на граѓани во Република Македонија се соочуваат со блокирање на своите сметки од страна на банките. Податоците на Народната банка укажуваат дека вкупната бројка на блокирани сметки за февруари 2016 година изнесува 112,502 за сметки на физички и правни лица.

Доколку се направи споредбена анализа, може да увидиме дека споредбено со крајот на минатата година, вкупниот број на блокирани депоненти изнесувал скоро 1000 нови физички и правни лица, додека пак споредбено со февруари 2015 година, вкупниот број на ново блокирани сметки на физички и правни лица порасна за близу 23.000.

Новите законски измени се однесуваат на тоа дека извршителот мора да испрати писмено предупредување до должникот со кое ќе побара од него да го исплати својот долг во рок од три дена, со тоа што тој нема да може да блокира сметки без претходно испратено предупредување.

Оваа законска измена е предвидена за заштита на ранливите категории на граѓаните, а предвидено е и скратување на рокот за продажба на недвижности, како и вонсудска наплата на долгот на граѓаните. Блокадите на сметките на граѓаните најчесто се случуваат поради ненавремено подмирување на рати за кредити, комунални сметки и радиодифузна такса.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com