HomeДЕНЕШНАРепубликаЗголемени квотите за лекови на рецепт за 80 милиони денари

Зголемени квотите за лекови на рецепт за 80 милиони денари

Од вчера (01.09) осигурениците имаат повеќе лекови на рецепт во аптеките низ целата држава. Средствата наменети за аптеките се зголемени за дополнителни 80 милиони денари за лековите на рецепт до крајот на годинава. Тоа значи од досегашни 2,46 милијарди денари, новиот буџет за лекови на рецепт за 2016 година ќе изнесува 2,55 милијарди денари.

„Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот одлучи да направи измени во Правилникот за квоти со воведување линеарно зголемување и минимална загарантирана квота. Имено, од вкупно 776 аптеки, кои во моментов имаат активен договор, со реализација на квотата над 90 отсто во анализираниот период, се 742 аптеки и кај нив согласно правилникот треба да се зголеми квотата. Зголемувањето на квотите се однесува на 724 аптеки кои ќе добијат зголемување од дополнителни 26.000 денари месечно до крајот на годинава“, информира Фондот за здравствено осигурување.

Минатата година се потрошени околу 21 милиони лекови на рецепт што ги реализирале еден милион и 300 илјади граѓани. Во 2003 година буџетот за лекови на рецепт изнесувал една милијарда денари, во 2008 година пораснал на 1,5 милијрди денари, а веќе во 2013 година бил 2,1 милијарда денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com