HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: За шест секунди превртела „Мерцедес“ и оштетила четири коли!

Видео: За шест секунди превртела „Мерцедес“ и оштетила четири коли!

Жена од Вирџинија успеала за само шест секунди да приреди вистински хаос на паркингот на продажниот салон на „Мерцедес“ во градот Балстон. Кога пристигнале на увид, полицајците не можеле да се изначудат на она што го гледаат. Еден „Мерцедес“ бил превртен на една страна и четири други автомобили кои се наоѓале во близина биле оштетени.

Подоцна од изјавата ја дознале и причината. Жената која дошла да купи автомобил, одлучила да седне и да проба еден од нив, па ги збркала педалата за гас и кочница. Таа набргу испаничила губејќи контрола над автомобилот и ударила во четири околни автомобили, а тогаш го превртела и мерцедесот кој го тестирала.

Mercedes-2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com