HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЗа Челси се уште не е крај, Конте доведува уште еден дефанзивец?!

За Челси се уште не е крај, Конте доведува уште еден дефанзивец?!

Се чини дека тренерот на Челси е опседнат со одбраната, после Луиз и Алонсо, се поголеми се шансите да се доведе уште еден засилување во последната дефанзивна линија.

kaseres

Антонио Конте последните денови од трансфер периодот успеа да ја затвори одбраната со враќањето на Давид Луиз и доведувањето на Маркос Алонсо кој ќе се бори за позицијата лев бек. Се чини дека Челси е сега комплетен и добро потполнет на сите позиции во последната линија, но се чини дека поранешниот тренер на Јуве не е задоволен.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Челси преговара со слободниот агент Мартин Касерес кој се уште си нема пронајдено нов клуб. Уругвајскиот дефанзивец и понатаму е неодлучен, беа споменувани Наполи и миланските клубови, имаше понуди и од Шпанија, но Челси би секако бил најголем предизвик.

Она што го привлекува Конте е универзалноста на Касерас кој може да ги покрива позициите десен бек и стопер. Тој дефинитивно би ја засилил конкуренцијата, Конте го тренираше во Јуве па јасно е зошто го посакува.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com