HomeАНТИСТРЕСГурманЗа совршен понеделник: Похован кромид со стопен кашкавал

За совршен понеделник: Похован кромид со стопен кашкавал

Едноставен и вкусен оброк кој нема да ви одземе премногу време, а максимално ќе уживате во него. Можете да го искомбинирате со ладно пиво.

Потребни состојки:
* 2 поголеми кромиди
* 3-4 парчиња моцарела (или омилениот кашкавал)
* 2 чаши брашно
* 5 јајца
* 2 чаши лебни трошки
* масло за пржење
* сос по ваш избор

Начин на подготовка:

Убаво исчистете го кромидот и исечете го а прстени со дебелина од 1 сантиметар. Исечете ја моцарелата на ленти и поставете ја помеѓу два прстени кромид. Откако ќе го направите ова со сите прстени кромид оставете ги во фрижидер околу 1 час.

Секој прстен со кромид и моцарела најпрвин извалкајте го во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки. Потоа повторете ја постапката но овој пат без валкање во брашно, односно уште еднаш во јајца па во лебни трошки. Пржете на загреано масло неколку минути, односно додека не добијат златно-кафеава боја.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com