HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа смрт на родилка обвинет доктор од Прилеп

За смрт на родилка обвинет доктор од Прилеп

Покренато обвинение против доктор од Прилеп за смртта на родилка. Тој се товари за тешки дела против здравјето на луѓето. Како што е наведено во соопштението од Основното јавно обвинителство, на ден 18.02.2016 година, во просториите на болницата, осомничениот при укажување на лекарска помош – породување на сега починатата С.Б. од с. Беровци – Прилеп, несовесно постапувал.

При приемот во одделението, осомничениот не презел соодветни дејствија и навремено не интервенирал при породувањето и во периодот по породувањето. Како резултат на ненавремено преземање на соодветни дејствија здравствената состојба кај сега починатата нагло почнала да се влошува заради големото губење на крв, па осомничениот решил да преземе оперативен зафат кој бил безуспешен и не можело да се спречи понатамошното крварење.

И покрај сите преземени дејствија од страна на лекарите анестезиолози во рамки и во согласност со протоколите и објективната здравствена состојба, пациентката починала како резултат на хеморагичен шок настанат заради обилното крварење.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com