HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа предвремените избори се планираат 456.664.000 денари

За предвремените избори се планираат 456.664.000 денари

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои финансискиот план за распределба на средства за предвремени парламентарни избори, закажани на 5-ти јуни. Субхи Јакупи челн на ДИК соопшти дека за таа цел вкупниот буџет за изборите изнесува 456 милиони 664 илјади денари, додека за печатење на избирачките ливчиња и друг печатен материјал се планирани 40 милиони денари. По предлог на Силвана Бонева на седницата е прифатено да не се расправа за Извештајот за прогресот за проверки за ажурурање на избирачкиот список. Таа побра од ИТ експертите во Извештајот да ги внесат сите измени врз основа на добиените податоци од институциите и другите проверки и тогаш да се расправа за него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com