HomeАНТИСТРЕСШтосноЗа да избега од дома ограбил банка!

За да избега од дома ограбил банка!

Во желба да избега од својата сопруга и да не се врати дома, 70-годишниот Лоренс Џон Рипл од Канзас, САД, ограбил банка! Како што стои во судските документи, тој на својата сопруга и рекол дека „подобро ќе оди во затвор отколку да остане дома со неа“.

Рипл на лист напишал дека има пиштол и дека бара пари, влегол во банката во Канзас Сити и тој лист му го предал на благајникот. Службеникот му дал околу 3.000 долари. Рипл нешто подоцна седнал во холот на банката и признал на обезбедувањето дека тој е осомничениот. Бил однесен во притвор, а парите и биле вратени на банката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com