HomeДЕНЕШНАПолитикаЗатвор за Чуашот и брат му за фалсификување исправи, ништо од бомбите

Затвор за Чуашот и брат му за фалсификување исправи, ништо од бомбите

Судот донесе обвинителна пресуда против Захир Бекири Чауш кој ќе лежи две ипол години затвор и ќе плати парична казна од 123.000 денари за сторени две кривични дела – фалсификување на исправи и злоупотреба на лични податоци, додека пак неговиот брат Имер Бекири е осуден на една година за истото дело и треба да плати 61.500 денари казна.

Од обвинителниот акт отпаѓаат сомнежите за кривичното дело нелегално поседување и тргување со оружје, а не е докажано дека Чауш поседувал прислушкувани телефонски разговори за уценување на јавни личност, ниту пак неговиот брат. Со донесувањето на пресудата укината е мерката притвор која е заменета со одземање на пасошот, а до правосилноста има простор за жалба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com