HomeДЕНЕШНАПолитикаЗатворска казна за пукачите на Клинички

Затворска казна за пукачите на Клинички

Имер Никшиќ (35) кој лани на 9-ти ноември пукаше во лекарот Љубомир Огненовиќ доби 5 години и 6 месеци затвор. Лекарот неколку дена претходно ја оперирал неговата мајка која по операцијата починала. Според обвинението, Имер со оружје во раце се качил на катот и влегол во собата на лекарот Огненовиќ во кого испукал 7 куршуми, од кои два завршиле во неговото тело.

Неговиот брат Абдулкајам кршел инвентар, се заканувал на вработените и со тупаници го нападнал обезбедувачот од Клиниката. Абдулкајам Никшиќ (37) доби условна казна. Обвинетите браќа ја признаа вина. Абдулкајам нема да лежи 2 години во затвор, ако во наредните 5 години не направи кривично дело.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com