HomeДЕНЕШНАПолитикаЗатворениците бесни. И тие бараат аболиција

Затворениците бесни. И тие бараат аболиција

Затворениците бесни за аболираните политичари. И тие ќе бараат помилувања од престедателот Иванов. Над 2000 затвореници, од повеќе затвори се охрабриле од масовната аболиција за политичарите на власта и опозицијата, па ќе се обидат и тие да издејствуваат милост и слобода од шефот на државата.

На самот ден на обзнанувањето на аболицијата, веднаш имаше реакција со негодување за ваквиот дискриминаторски пристап на некогашниот борец за права Иванов, кон осудениците во Идризово и другите затвори во Македонија. Нивните аргументи се дека политичарите не смеат да бидат привилегирани, ниту пак затворениците се граѓани од втор ред, а згора на тоа се и сумите за кои лежат и криминалите, кои се далеку помали. Тие велат дека имаат помало зло и направиле помала штета за Македонија и идните генерации отколку злосторничкото здружување на власта. Засега се кријат деталите кога и како ќе биде прикажан отпорот и несогласувањето на осудениците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com