HomeДЕНЕШНАСветЗастрелана британска пратеничка – Кампањите за Брегзит суспендирани

Застрелана британска пратеничка – Кампањите за Брегзит суспендирани

Пратеничка од британските Лабуристи е во критична состојба, откако доживеа сериозни повреди во напад. Непотврдени извештаи сугерираат дека пратеничката Џо Кокс била застрелана и прободена со нож во градот Лидс во западен Јоркшир, северно од Лондон – јавува Радио Слободна Европа.

Помошничката на Кокс го потврди нападот. Човек на над 40 годишна возраст исто така претрпел полесни повреди. Полицијата соопшти дека 52 годишен човек е уапсен по инцидентот.
jo cox ubistvo apsenje
Очевидецот Хитем Бен Абдала е цитиран како вели дека пратеничката Кокс се вмешала во тепачка помеѓу двајца мажи во селото Бирстал, 320 километри северно од Лондон. Абдала рекол дека еден од мажите се борел со Кокс и потоа имало два истрели од пиштол по што „таа падна меѓу два автомобили, јас дојдов и ја видов раскрвавена на земја“.

Кампањите за и против Велика Британија да остане во Европската унија се суспендирани за еден ден. Во нив, Кокс се залага за останување на Британија во Европската Унија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com