HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапочнува ангажманот на 350 нови здравствени работници

Започнува ангажманот на 350 нови здравствени работници

Во наредниот период ќе се објавуваат огласи за вработување на 350 нови здравствени работници во јавните здравствени установи за подобрување на нивниот персонален капацитет и третман на пациентите.

„Од она што сум информиран од министерот за здравство процедурата за 350-те нови вработувања во здравството е веќе започната и се очекува следната недела да бидат објавени првите огласи. Главно ќе се вработуваат лекари и медицински сестри, но ќе има и други профили. Тоа ќе значи силно зајакнување на македонското здравство, поголема поддршка на пациентите и подобра услуга, а за многу здравствени работници ќе значи можност за вработување и решавање на нивниот проблем со невработеноста“, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на општина Илинден.

Огласите ќе бидат објавувани поединечно, односно според потребите на здравствените установи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com