HomeДЕНЕШНАСкопјеЗапочна проширувањето на улицата Васил Чакаларов

Започна проширувањето на улицата Васил Чакаларов

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ почнаа со градежни активности за проширување на улицата Васил Чакаларов (поранешна Адолф Циборовски) на крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“. Ќе има две проширувања, од левата и од десната страна. Двете нови ленти имаат цел растоварување на сегашната крстосница – возилата што вртат десно мораа да ги чекаат оние на семафорите што се упатиле кон Ѓорче Петров и сето тоа беше причина за метеж и застој.

Проектот ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот по оваа улица која е продолжение на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и претставува една од најважните сообраќајни артерии во овој дел на Скопје.

Од двете страни на улицата Васил Чакаларов ќе се оформат и пешачка и велосипедска патека. За овој градежен зафат Градот одвои околу 3,5 милиони денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com