HomeГИГА БАЈТГејмингЗапочна најголемиот саем за компјутерски игри во Европа

Започна најголемиот саем за компјутерски игри во Европа

Во германскиот град Келн денеска е отворен најголемиот саем за компјутерски игри во Европа, „Гејмском“, кој до недела се очекува да привлече над половина милион посетители. Слоган на овогодишниот „Гејмскон“ е „Јунаци на новите димензии“, а саемот во голем дел ќе биде посветен на компјутерските игри во виртуелната реалност.

Штандови на овогодишниот „Гејмском“ имаат над 8.000 компани, меѓу кои и неколку водечки светски гиганти за производство на компјутерски игри, како „Сони“ и „Мајкрософт“, кои ќе ги промовираат и своите нови опреми за играње во виртуелната реалност.

Во рамки на саeмот е поставена и онлајн амбуланта за зависници од интернет и компјутрески игри, каде секој посетител може да се тестира за утврдување на степенот на неговата зависоност од новите технологии.

Поради стравување од можни терорситички напади, „Гејмском“ годинава се одржува под засилени безбедносни мерки, а на посетителите им се препорачува да не носат ранци и торби, како ниту опрема што наликува или потсетува на оружје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com