HomeДЕНЕШНАСкопјеЗапочна изградбата на живеалиште за слонови во зоолошката градина во Скопје

Започна изградбата на живеалиште за слонови во зоолошката градина во Скопје

Зоолошката градина во Скопје ќе добие ново живеалиште и тоа за два слонови кои треба да пристигна до крајот на оваа година. Живеалиштето ќе се протега на површина од 3.200 метри квадратни, а во него ќе се изгради и објект со површина од 400 метри квадратни.

Проектираното живеалиште за слонот се состои од внатрешен и од надворешен дел,  ќе се посвети особено внимание на подлогата, деловите исполнети со вода и декорацијата и хортикултурното уредување на целото живеалиште, а ќе бидат вклучени природни нетоксични материјали, дрва и тули. За изградбата на новото живеалиште, што треба да биде готово есенва, Град Скопје издвои 26 милиони денари

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com