HomeДЕНЕШНАПолитикаЗАМП доби конкуренција, уште едно здружение ќе наплаќа користење на авторска музика

ЗАМП доби конкуренција, уште едно здружение ќе наплаќа користење на авторска музика

Уште едно здружение ќе наплаќа за авторска музика, откако Министерството за култура му издаде лиценца за колективно управување на СОКОМ-МАП, Здружение за музички авторски права формирано од Сојузот на композитори. Досега ЗАМП беше единствено вакво здружение.

Се уште не е утврдено како ќе се наплаќа надоместокот и како ќе се распоредуваат собраните средства. Од СОКОМ-МАП се пожалија дека не можат да се договорат со веќе постоечкото Здружение за заштита на авторски музички права и дека од таму нема волја за соработка. Сепак новото здружение предлага нов тарифник за наплата, поевтин од тој на ЗАМП.

СОКОМ-МАП беше формирано откако голем број членови незадоволни од работата на ЗАМП го откажаа своето членство и ги напуштија органите. Од новото здружение тврдат дека ЗАМП нетранспарентно менаџира со средствата од наплата и дека ги троши нерационално.

Поголема транспарентност побараа пред извесно време и од Стопанската комора на Македонија. Пред повеќе од една година угостителите и бизнисмените преку Комората предложија промени во тарифникот за наплата со намалување на висината на бодовите, но се уште нема одговор од надлежните, ниту пак став од ЗАМП. Од Здружението ниту сега не го коментираа влегувањето на пазарот на второ тело кое ќе инкасира пари од надоместокот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com