HomeДЕНЕШНАСветЗаложничка драма во црква во Франција – свештеникот со пресечен врат, напаѓачите убиени

Заложничка драма во црква во Франција – свештеникот со пресечен врат, напаѓачите убиени

Нова драма ја потресе Франција. Двајца мажи вооружени со ножеви држеа заложници во црква во Сент Етјен на северот од Франција. Тие се се убиени од полицијата, откако зедоа заложници во црква во Сент Етјен, во близина на Руен утрово оклу 10 часот. Тие му го пресекле гркланот на свештеникот.

Според извештаите, тие влегле во црквата од споредната врата за време на мисата. Свештеник, две калуѓерки и двајца верници беа меѓу заложниците, додека уште една калуѓерка успеала да избега и да ги алармира службите. Специјалната полициска единица беше пратена на местото, која со кордон ја обезбеди црквата.

Министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев, подоцна соопшти дека двајцата мажи се неутрализирани, по преговори кои траеле еден час. Сведоци велат дека се слушнале повеќе истрели. Според непотврдени информации, од неколку француски медиуми, убиен е свештеникот на кој му бил пресечен гркланот, а ранет е уште еден заложник.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за внатрешни Казанев заминаа во Сент Етјен. Полицијата не јавува дали инцидентот во близината на Руан го смета за терористички напад, а се случува кога Франција е во вонредна состојба по неколкуте терористички напади.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com