HomeДЕНЕШНАСветЗаложничка драма во Казахстан, најмалку тројца загинати

Заложничка драма во Казахстан, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а над 20 се повредени во судирот меѓу полицијата и напаѓачите кои земаа заложници во западен Казахстан. Очевидци наведуваат дека напаѓачите претходно ограбиле две продавници за оружје во градот Актобе, по што почнале да земаат заложници.

Полицијата ги евакуира трговските центри во тој дел на градот, каде дојде до пресметка меѓу напаѓачите и полицијата. Локалните медиуми наведуваат дека полицијата инцидентот го третира како операција против терористи.

Дел од медиумите, повикувајќи се на болнички извори, наведуваат дека се пвредени поголем број луѓе и оти 20 лица со прострелни рани се хоспитализирани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com