HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаконските измени за медиумите блокирани од власта

Законските измени за медиумите блокирани од власта

Владејачкото мнозинство предводено од ВРМО-ДПМНЕ ги одби измените на законот за медиуми предложени од страна на опозицијата, а поддржани од голем број на новинарски здруженија и асоцијации.

Законските измени се однесуваа на промени во раководната структура на јавниот сервис МРТВ како и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (екс Совет за радиодифузија) со предлог на членови кои би биле од фелата и да обезбедат независност од политичките партии. Исто така се предвидуваше и целосно финансирање на националната радио-телевизија од државниот буџет, но исто така предлогот е одбиен.

Инаку преговорите во Пржино се веќе замрени и не се води јавна дебата и политички дијалог за реформи во медиумите кои ќе дадат позитивни промени што го фрла во сомнеж напредокот на политичките реформи, а исто така ги загрозува и претстојните предвремени избори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com