HomeДЕНЕШНАСветЗакана за дипломатските преставништва на Франција во Истанбул

Закана за дипломатските преставништва на Франција во Истанбул

Француската Амбасада во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул се затворени по добивањето на предупредувања за сигурноста од страна на безбедносните служби, а откажана е и прославата на националниот празник, 14 јули.

– Информациите ни укажуваат на сериозни закани против плановите за празнување на 14 јули во Турција – се вели во соопштението на турскиот Конзулат во Истанбул.

– Како превентивна мерка одлучивме заедно со турските власти да го откажеме празнувањето – додаде Конзулатот. Дипломатските преставништва ќе бидат затворени на непределен период. Во Турција е зголемена претпазливоста со страв од нови терористички напади.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com