HomeДЕНЕШНАРепубликаЗаканата за нестабилност на временските услови се уште на сила според УХМР

Заканата за нестабилност на временските услови се уште на сила според УХМР

Прогнозите на УХМР кои се следат со внимание и надеж дека нема да се повтори силното невреме и натаму се загрижувачки бидејќи во најновото соопштение за денес продолжува опасноста од пороен дожд и грмежи. Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време.

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа, кон крајот на денот и во вечерните часови, ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови.  Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Во Скопската котлина времето ќе биде променливо, а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com