HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Серијата на порази Груевски ги крие со враќање на старата Влада

Заев: Серијата на порази Груевски ги крие со враќање на старата Влада

На денешната прес конференција Зоран Заев истакна дека серијата на порази Груевски сака да ја скрие со навидум враќањето на старата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но и како и сите други постапки кои ги погази така и од овој чекор ќе мора да се повлече. Во поглед на изборите Заев посочи дека бетонот на Груевски распукал и како што СДСМ вети го одржа зборот, на 5-ти јуни еднострани избори нема да има, туку тие ќе се одржат кога ќе се создаде нормална состојба во државата.

gruevski i zaev

„Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат закони коишто се спротивни на интересите на граѓаните, на државните интереси и на Договорот од Пржино.Повторно носат еднострани одлуки. Главната цел им е да ги спасат криминалците во своите редови“ рече Заев.

Денеска во Собранието ќе се разгледува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за шест закони поврзани со аболицијата, за „свиркачите“ и распространувањето на прислушкуваните разговори. СДСМ не е дел од никакви тајни преговори и нема да биде соочесник на Груевски.

„Не може да има селективно поништување на аболицијата. Не смее поништувањето на аболицијата да зависи од волјата на Ѓорге Иванов или од барањето на аболицирани поединци. Аболицијата мора да биде целосно поништена. Законот мора да важи подеднакво за сите. Граѓаните мора да бидат уверени дека секој што го прекршил законот ќе одговара.Треба да им биде јасно на сите: Нема спас ниту за аболицираниот Груевски ниту за неговото друштво“ порача лидерот на опозицијата.

На крајот Заев поентираше дека Македонија ќе има предвремени регуларни, фер и демократски избори кога ќе бидат исполнети сите услови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com