HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев повика на фронт, Груевски порача доста е

Заев повика на фронт, Груевски порача доста е

На двете денешни прес конференции лидерите на најголемите политички партии излегоа со своите крајни ставови за излез од кризата. Најпрво Заев порача дека СДСМ нема да оди на уште едни нелегални избори и повика на формирање на демократски фронт против режимот на Никола Груевски со тоа што ќе треба да се вклучат сите интелектуалци, борци за слобода, невладини и граѓански здруженија, професори, работници и невработени. Или Груевски или Македонија е клучното мото на Заев и опозцијата.
Одговор веднаш следеше и од Никола Груевски кој посочи дека е доста од деструктивноста на опозицијата и рушењето на националните интереси со продлабочувањето на кризата, а како главно решение го посочи одржувањето на изборите каде граѓаните ќе одлучат на кого ќе му ја дадат довербата.

Груевски тврди дека СДСМ нема идеи и дека на сите анкети и анализи јасно стои дека нивниот рејтинг е очаен па затоа сакаат да ги избегнат изборите по секоја цена. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи и на поправање на своите грешки особено во области каде се забележани големи недостатоци, уверуваше Груевски.

sdsm i vmro logo

Бојкотот на изборите од СДСМ пак, ќе значи и голема штета не само за опозициската партија туку и за угледот и перспективите на државата, но тоа е смислено сценарио е ставот на Груевски.

Автор: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com