HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Не сме исти, не сме сите криминалци, правдата ќе ја бараме на улица

Заев: Не сме исти, не сме сите криминалци, правдата ќе ја бараме на улица

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и се обрати на јавноста по контроверзната одлука на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Заев обраќањето го започна со зборовите „Лицето Ѓорѓе Иванов“, човекот кој на криминални избори Никола Груевски го постави за претседател на државата, денеска го заокружи државниот удар врз Македонија, веднаш напаѓајќи ги неговиот изборен легитимитет, како и правната основа врз која ја донел одлуката.

„Ова е државен удар. Криминалната банда на Никола Груевски, уништувајќи ја судбината и загрозувајќи ја иднината на Македонија, се обидува да се спаси од злосторството и криминалот што и го направија на сопствената земја, на сопствените граѓани. Иванов денеска стана директен соучесник во злостроничкото здружување против Македонија. Тој сака парите украдени од граѓаните од криминалната банда да не бидат вратени кај граѓаните. Од денеска нема правна држава. Го погазија Уставот, законите, достоинството на граѓаните. Денеска го погребаа Договорот од Пржино. Македонија тоа нема да го дозволи. Нема да дозволиме целосно рушење на државата. Заедно со граѓаните застануваме на страната на Македонија. Од денеска, со граѓаните ќе го вратиме правото и правната држава. Бараме, заштитникот на криминалците, лицето Ѓорѓе Иванов, веднаш да поднесе оставка. Доколку тоа не го стори денеска, државата ја доведува во вонредна состојба, на граница на експлозија. Затоа Собранието мора веднаш да биде свикано и да покрене постапка за отповикување на Ѓорѓе Иванов. Во името на целата демократска и правдољувива јавност судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница. Криминалците да одговараат за криминалот. Невините да имаат можнст да ја докажат својата невиност.
Јас, Зоран Заев, на чело на демократска Македонија, ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија, на улици, на протести, во градовите и селата низ цела Македонија.
Или Груевски или Македонија.Ако досега некој имаше било каква дилема, Иванов денеска ја расчисти. Ќе победи Македонија!, констатираше Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com