HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаев: Ако има докази за граѓанска војна Иванов нека ги објави

Заев: Ако има докази за граѓанска војна Иванов нека ги објави

СДСМ ќе ја откаже редовната работа во Собранието на Република со сите коалициони пратеници, но нема да пристапи кон целосен бојкот. Главната причина за ваквата одлука е нерешавањето на иницијатива за оценување на уставноста на законот за СЈО која Уставниот суд ја избегнува веќе осум месеци.

Уставен суд веднаш да се изјасни и да не ја држи правдата во заточеништво. До тогаш опозицијата нема да учествува во работата на Собранието. Пратениците имаат обврска да дејствуваат во одбрана на институцијата која сите партии едногласно ја одбраа. Срамно обраќање на Иванов кој го наруши угледот на СЈО со закани и обвинувања. Нема спроведување на Договорот од Пржино без почитување на правото и исполнување на условите за фер и слободни избори и реформи во медиумите и прочистување на избирачкиот список.

За протестите на „Шарената револуција“ Заев посочи: Разбудената граѓанска свет е нова вредност и мора да престане прогонот на демонстрантите. Граѓаните мора да бидат дел од диреткното решение за излез од политичката криза и ние ќе се заложиме тоа да биде така.

Повторно се осврна и на обраќањето на Иванов кое беше полно со инсиуниации за безбедноста на државата и можно активирање на АРМ.

„Јавно да ги објави сите разузнавачки информации за граѓанска војна во Македонија, а во меѓувреме само повикува на право на мирни протести. Забега со заканата за употреба на армијата која сите не загрижи, малку сме речиси роднини сме се сите. Иванов треба веднаш да си даде оставка, а во ноември да одиме на избори со исполнување на сите неопходни услови. Немаме намера да им дозволиме да владеат до 2018-та, заклучи Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com