HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗагина 41-годишен струмичанец во сообраќајна несреќа

Загина 41-годишен струмичанец во сообраќајна несреќа

Синоќа околу 21:30 часот во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Банско-село Морино, загина четириесет и едногодишен струмичанец.

До несреќата дошло кога Л.Л. (41) од с.Борисово управувајќи патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки излетал од патот и удрил во ограда, при што од ударот возилото се одбило и паднало во канал за наводнување.

Возачот од здобиените повреди починал на самото место. Увид на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Струмица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com