HomeДЕНЕШНАРепубликаЗагинатите во хеликоптерската несреќа кај Струмица ќе добијат споменик

Загинатите во хеликоптерската несреќа кај Струмица ќе добијат споменик

Пилотите Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички кои трагично загинаа кај Струмица на 10 јули 2014 година, ќе добијат споменик. Советот на Општина Струмица на последната седница донесе одлука идејното решението на скулпторот Горан Ѓорев да биде прифатено за подигање споменик на четворицата загинати пилоти на МВР.
spomenik zaginati
Уметникот го изработи споменикот за време на одржување на традиционалната Меѓународна струмичка ликовна колонија. Идејното решение е човек ангел кој излегува од камен, а во рацете држи скршена перка. Ова решение било прифатливо за комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица, но и за роднините на четворицата загинати пилоти.

Спомен-обележјето, за кое општина Струмица издвои еден милион денари, треба да биде лоцирано во новоуредениот дел на Големиот градски парк, во просторот кај поранешниот Дом на АРМ. Досега пропаднаа два конкурси за избор на идејно решение, бидејќи тогашните решенија не ги задоволувале критериумите на членовите на надлежната комисија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com