HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗаврши „American Idol“

Заврши „American Idol“

Последни амерички идол Трент Хармон

Последната емисија од последната сезона на американското музичко натпреварување „American Idol“, беше емитувана синоќа, а пред почетокот на ова финале на гледачите им се обрати претседателот на САД Барак Обама. Победникот на последниот, 15 „American Idol“ беше 24-годишниот Трент Хармон од Мисисипи, кој освои најмногу гласови од публиката. Ова ТВ шоу некогаш имаше големи влијание врз музиката и телевизијата, но последните неколку години неговата гледаност започна константно да се намалува, поради што телевизиската компанија „Фокс“ се одлучи да го укине. Во финалето настапија победници и натпреварувачи од претходните сезони, како и судии, а својот нов сингл го претстави и Џенифер Лопез.

Во неочекуваното обраќање кон публиката, претседателот на САД Барак Обама им честиташе на натпреварувачите и изјави дека ова шоу мотивирало многу милиони млади да гласаат за своите фаворити. Потоа ги повика Американците да ја покажат истата желба за гласање и на претстоечките избори, карактеризирајќи го гласањето како основно обележје на демократијата. Првата сезона на „American Idol“ на малите екрани стигна во јуни 2002 година. Иако во последните неколу години популарноста на ова шоу падна, сепак тоа и понатаму имаше постојано голем број на натпреварувачи. На аудициите за последната сезона беа пријавени 75.000 натпреварувачи во пет градови.

Судије (слева надесно): Хари Коник Млађи, Џенифер Лопез и Кит Урбан

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com